СДСМ откако дојде на власт македонската економија го допре дното.
Според последните информации во вториот квартал оваа година, фирмите во земјата уплатиле 1/3 помалку данок во однос на истиот квартал лани.
Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%. Најголем е падот кај данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.
Поради лошите политики на Зоран Заев над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не мислат како власта дека економијата блеска.
Поради лошата економија околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле.
Втор месец по ред, градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај.
Не може да има раст на економија, кога криминалниот октопод Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран.
Парите секојдневно во државата се трошат на рекети и наместени тендери. Оваа влада донесе само понижување, немаштија и неработа.
Оваа влада поради корупција, лоши политики треба си поднесе веднаш оставка, потребни се предвремени парламентарни избори што е можно поскоро.