СДСМ: Успешните екномски политики потврдени и во Извештајот на СТО

Огромниот економски напредок на Република Северна Македонија, нотиран во Извештајот на Светската трговска организација е последната од низата потврди за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Податоците од Ревизијата на трговската политика на Република Северна Македонија објавена од страна на СТО покажуваат огромен напредок на нашата земја на крајот од 2018 споредбено со крајот 2012 година.

За само две години, очигледен е напредокот што обезбедува економски раст и развој, повисоки плати и нови работни места.

Од економија во минус од 1,8 отсто во првиот квартал во 2017, денес растот на БДП изнесува 4,1 отсто.

За само две години реализирани се 49.552 вработувања, доминатно во приватниот сектор. Тоа придонесе за рапидно намалување на невработеноста која денес изнесува историски најниски 17,8 отсто.

Платите постојано растат.

Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, и е зголемена за 10,4 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година.

Ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат. Владата предводена од СДСМ наскоро започнува инвестициски циклус од 5 милијарди евра. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница и над една милијарда евра за енергетика.

Ќе се инвестира во клучни капитални инвестиции како  ХЦ Чебрен, далекуводот кон Албанија и гасоводот, нов Клинички центар, а следуваат и инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални, канализациски  и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за граѓаните.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните.