Бранителот на минатогодишниот “Австралија опен”, Роже Федерер, без проблем стартуваше на овогодишното издание на истото. Во првиот дуел, швајцарецот со 3-0 во сетови го совлада словенецот Алојс Бедене, по сетови, 6-3, 6-4,6-3. Во второто коло, Федерер ќе се сретне со германскиот тенисер Јан-Ленард Штуф.
Со голем интерес се очекуваше враќањето на Новак Ѓоковиќ, кој имаше поголема пауза во тенисот. На задоволство на неговите фанови, тој без посериозен проблем мина преку американецот Доналд Јанг, победувајќи го со 3-0 во сетови, по гемови 6-1, 6-2, 6-4.
Во следното коло покрај нив двајца се пласираа и Вавринка, Гаске, Гофан, Квереј, а за изненадување кај мажите се погрижи Лукаш Лацко од Словачка, кој 3-1 во сетови го елиминираше Милош Раониќ од Канада.
Изненадувањето кај жените пак го направи Андреа Петковиќ, која со 2-1 во сетови успеа да ја елиминира во раната фаза на турнирот Петра Квитова, која важече за еден од фаворитите за освојување на титулата.