СДСМ ја пропушти шансата за борба против криминалот и корупцијата.
СДСМ не само што не покажа волја, туку во изминатите три години криминалот и корупција ги институционализираше и ги претвори во свој заштитен знак.
Оттука целосно лицемерно е СДСМ да говорат за правна држава и владеење на правото, а патем Драги Рашковски се уште да е генерален секретар на Влада, Курто Дудуш да е се уште градоначалник, Кики и Фрики се уште да бидат на слобода, а Зоран Заев Капо ди Тути капи се уште да биде премиер.
Законот кој што СДСМ го предлага наместо правна држава треба да го зајакне рекетарско-судско-политичко-медиумскиот октопод кој е создаден од оваа власт. Законот кој го предлагаат е надвор од европските стандарди и има една единствена цел да ја замолкне опозицијата. Законот на СДСМ е неприфатлив и од персонален план кој Заев сака да го наметне, бидејќи тој е синоним за политичкото влијание врз судството. Јасна е тенденцијата на Заев и СДСМ да создадат алатка со која ќе го продолжат притисокот врз секој оној кој што се спротивставува на нивниот криминал.
Да не се секира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува предлог законот за јавно обвинителство и истиот многу и скоро ќе биде доставен до Собранието и до јавноста.