ВМРО-ДПМНЕ: Заев се води само од лични цели

Зоран Заев е срам за Македонија.

Зоран Заев е штетник и крадец, а не македонскиот народ кој си ја знае, почитува и негува историјата.

Да се обвини сопствениот народ дека присвојувал туѓа историја, а со пот и крв се изборил за своја држава и идентитет и покрај сите угнетувања, е одвратен чин на човек одроден од своите сограѓани и предци.

Со секој изминат ден Зоран Заев нанесува се поголема штета на сопствениот народ и сопствената држава. Откако стана премиер, Заев во континуитет го гази достоинството и го навредува македонскиот народ.

Само за да се додвори на неговите нови пријатели во Грција, Заев бесрамно ги нарече крадци Република Македонија и македонската нација.

Очигледно Заев се води само од лични цели, па затоа веќе две години ги нарушува македонските црвени линии и го продава она што генерации го граделе и го создавале.

Секогаш кога македонските граѓани ќе помислат дека Заев не може подолу тој упорно го пробива дното. Откако го промени името на Република Македонија, ги продаде јазикот идентитетот, културата, традицијата и историјата, тој ги обвини граѓаните дека со години наназад им ја крадат историјата на соседите.

Заев кој е опкружен во криминал мисли дека сите се крадци како него па си зема слобода да ги навредува граѓаните и државата.

Македонските граѓани се чесни луѓе и не се крадци како што ги нарекува Зоран Заев. Единствениот кој краде е токму Заев, кој заедно со неговиот криминален картел направија пустош во државата.

Можеби историјата на Заев не му е најсилна страна но затоа криминалот му е нешто што перфектно го владее. На Заев му е местото заедно со Боки, Кики, Фрики, Рашковски и Дудуш.

Целата јавност го виде како бара поткуп, а сега сме сведоци и на најголемата афера „Рекет“ каде Заев е главата на октоподот кој уценувал и земал пари од бизнисмени во Македонија.

Зоран Заев заедно со неговата криминална дружина ја испокрадоа државата и им донесоа беда на македонските граѓани.

Време е Зоран Заев и СДСМ да си заминат и да се стави крај на агонијата, бедата и понижувањата кои ги нанесуваат.