Сузане Шутц: Меркел е посветена на европскиот пат на Албанија и Северна Македонија

– Германската канцеларка Ангела Меркел е целосно посветена на процесот на пристапување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, изјави амбасадорката на Германија во Тирана, Сузане Шутц на средба со претседателот на албанскиот Парламент, Грамоз Руци.

Таа притоа нагласи дека и во наредниот период Германија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Албанија и Северна Македонија.

– Среќна сум што работев на ова извонредно место со перспективна иднина. Германија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Албанија и Северна Македонија, а и канцеларката Меркел е целосно посветена на тој процес, истакна Шутц.