Стерјовски побара поголема застапеност на Македонците во албанската полиција

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција во Парламентот на Албанија Васил Стерјовски на средба со министерот за внатрешни работи, Сандер Леши разменил мислења за повеќе теми што ги засегаат Македонците во Албанија.

-На средбата побарав поголема застапенпост на Македонците во структурите на албанската полиција, ја истакнав потребата да бидат поставени на раководни позиции, а во областите населени со Македонци раководители на полицијата да бидат Македонци, изјави Стерјовски.

Додава дека министерот Леши од своја страна потенцирал дека вклучувањето на Македонците во структурите на полицијата е неопходно и за самата полиција. Притоа истакнал дека сите Македонци и Македонки кои сакаат да бидат дел од албанската полиција да конкурираат на двата повика на Министертството за внатрешни работи.

Дообјаснува дека за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од албанската полиција подетални информации за двата повика кои се во тек може да се најдат на линковите: https://mb.gov.al/…/hapen-aplikimet-per-shkollen-baze-te-p… и https://www.asp.gov.al/…/15474-hapen-aplikimet-per-t-u-bere…

Исто така, на средбата станало збор и за граничниот премин Џепиште – Требиште кај Дебар, кој беше отворен во мај 2013 година, од локален премин од трета категорија да премине во регионален премин од втора категорија.

На тој начин, заедничка е оценката, дека ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо на економски план, бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакнува и ќе се развива оваа област во целина.

 

One thought on “Стерјовски побара поголема застапеност на Македонците во албанската полиција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *