ВМРО-ДПМНЕ: Проширување на истрагата и притвор zа Катица Јанева

Кој лаже, тој и краде, а Катица Јанева и лаже и краде исто како нејзиниот ментор Зоран Заев.

Пријателката на притворениот рекетар Боки 13, наводно се разболе дента кога беше обелоденета аферата за рекетарскиот политичко-судско-медиумски октопод на СДСМ. На Јанева не може да и се верува и затоа надлежните мора да испитаат дали го фалсификувала или злоупотребува боледувањето.

Во Република Македонија владее рекетарска, корумпирана и криминална влада.

Со СДСМ и Заев правото и правната држава го допреа дното.

Јавноста мора да знае кои се Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите и дали овие лица се високи претставници во СДСМ како што се зборува и само поради тоа се амнестираат од одговорност?

Зошто јавното обвинителство ја штити од одговорност Катица Јанева? Дали во нејзиниот мобилен телефон се пронајдени дополнителни докази кои утврдуваат нејзина директна вмешаност и зошто за неа се уште нема мерка притвор поради можност за влијание на сведоци, повторување на делото или бегство?

Мора да се спроведе детална и сериозна истрага кој се е вмешан во ова криминално и корумпирано СЈО, бидејќи само апсењето на Боки 13 и Зоран Милески Кичеец значи заштита на главата на октоподот и другите инволвирани во оваа рекетарска приказна.

СЈО, СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите.

Правото и правдата мора да важат подеднакво за сите. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш проширување на истрагата и притворање на Катица Јанева поради можност за бегство, влијание врз сведоци од позиција на Специјален јавен обвинител и уништување на докази.

Правото и правдата мора да владеат во Република Македонија, а тоа е можно само доколку криминалниот картел наречен СДСМ и Заев си заминат од власт и веднаш распишат предвремени парламентарни избори.