Животната средина е високо на политичката агенда на Иран, беше речено на средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со амбасадорот на Иран, Хосеин Карими.
– Имено, Директоратот за животна средина е специјална владина организација водена лично од Претседателот на Иран, институција спремна да соработува на теми од заеднички интерес, се вели во соопштението од прес-службата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерот Нуредини изрази задоволство за наоѓање заеднички приоритетни теми за соработка во балансот меѓу одржливиот развој и економски бенефит.