ПОЧНУВА ЕП ВО РАКОМЕТ

Со натпреварот меѓу домаќинот Хрватска и репрезентацијата на Србија, денеска стартува Европскотом првенство за ракометари кое се одржува во Хрватска. Македонија својот прв настап ќе го има утре а противник ќе и биде незгодната селекција на Словенија.

Со доаѓањето на Раул Гонзалес на селекторската функција, Македонија доби поинаква игра, модерна, која спојот на младоста и искуството го прави сосема функционално.

Претседателот на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов преку соопштение ги објави и наградите кои ракометарите ќе ги добијат за овие натпревари. Според РФМ, наградата за пласман на ЕП ќе изнесува 30 000 евра, а доколку се минат квалификациите и Македонија се пласира во втората фаза оваа награда ќе се дуплира. Пласманот во полуфиналето ќе им донесе дополнителни 40 000 евра, така што би изнесувала 100 000 евра.

Очигледно амбициите на овој тим на Раул Гонзалес се големи, а колку се остварливи останува да видиме во текот на следните петнаесетина дена. Само како потсетување, најдобар пласман нашата репрезентација имаше 2012 година во Србија кога бевме петти во Европа.