Мицкоски се сретна со американската амбасадорка Брнс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оствари првата официјална средба со новата американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

Мицкоски и посака добредојде на Амбасадорката и изрази надеж дека соработката во текот на нејзиниот мандат ќе биде во насока на подобрување ба стратешките односи помеѓу Република Македонија и САД.

Мицкоски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ пријателството помеѓу Република Македонија и САД е од особено значење.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за партијата клучен стратешки интерес е членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.