ШКУПИ ПРАВИ ТИМ ЗА ВРВОТ

Новиот соспственик на Шкупи, Шефкет Демири, со големи амбиции влезе во клубот. Имено, на денешната конференција за печат, тој ги претстави четирите нови засилувања, кои даваат сосема нова слика за првлигашот од Чаир. Имено, нови фудбалери на Шкупи станаа Баже Илијоски, Стефан Вујчиќ, Благоја Љамчески и Рон Броја, репрезентативец на Косово. Овие чевторица, заедно со дел од фудбалерите кои ги бранеа боите на Шкупи во есенскиот дел од првенството, веќе претставуваа сериозна екипа која би можела напролет да игра една од главниоте улоги во шампионатот.

-Шкупи заслужува високо место во првенството. сакаме општина Чаир повторно да биде фудбалска општина. Донесовме засилувања кои се доста квалитетни, но тоа нема да биде се. Во иднина не очекуваат успеси и се разбира докомплетирање на тимот-вели соспстевникот на Шкупи, Шефкет Демири.