Државата за само две години успеа да изгради институции и да создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.
Со последните случувања се покажува дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја. Сите се еднакви пред законите.
Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена.
Единствено Христијан Мицкоски е против правдата. Со неуспешно алиби Мицкоски и е во нов обид да се блокира напредокот на земјата.
Единствената работа за која се грижи е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со, или без него.
СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее.