Собраниската Комисија за здравство денеска ќе ја одржи 25. седница на која ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите.
Со измените и дополнувањата во Законот се врши вклучување на сите можни облици на дискриминација со цел заштита од појава на секаков облик на дискриминација при користење на здравствени услуги, вклучително попреченоста и родовиот идентитет за еднаквост во остварување на правата и обврските на пациентите, како и вклучување на претставници на здруженијата на лицата со попреченост и жените жртви на насилство во работата на комисиите за унапредување на правата на пациентите.