Триесет и осум деца од социјално ранливи семејства од Кавадарци и Росоман бесплатно летуваа во Струга.
Како што информираа за МИА од кавадаречкиот Меѓуопштински центар за социјални работи, станува збор за деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош, детски и посебен додаток.
– Тринаесет од децата, кои се корисници на посебен додаток, во „Мајски цвет” летуваа со придружник, во организација на Министерството за труд и социјална политика, појасни Центарот во Кавадарци.
Центарот нагласува дека и понатаму, како и досега, останува посветен во решавањето на сите проблеми со кои се соочуваат социјално ранливите семејства од двете општини.