Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог – законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста и измените и дополнувањата на Законот за заштита на правата на пациентите, двата во прво читање.
Комисијата за економски прашања ќе ги разгледува измените и дополнувањат на Законот за возила, во второ читање.