Секој ден оваа власт докажува дека не е способна да ги спроведува законите што се носат со многу труд и со кревок меѓуетнички конценсус.
Актуелната власт се уште не успева да отпочне собраниска процедура за законите што се договори со Движењето Беса за време на последните уставни измени, но за жал ова влада, СДСМ-ДУИ, исто така, не успеа да го спроведе и законот за употреба на албанскиот јазик.
По вчерашните изјави на заменик-секретарот на Владата, кадар на ДУИ, дека Владата сè уште не формирала Државен инспекторат, кој ќе мора да го наложи спроведувањето на албанскиот јазик, закон за кој Движењето Беса има дадено придонес и подршка.
Се поставува прашањето,
што превземуваат албанските претставници во владата, ДУИ и другите партии, кои дури и после шест месеци сеуште не ја воспоставуваат главната институција која ќе врши увид во употребата на албанскиот јазик на централно и локално ниво, а од друга страна секој ден имаме стотици примери за неправилна употреба на албанскиот јазик, како и повреди поврзани со употребата на истиот.
За жал, исто така се докажа дека оваа влада, како онаа претходната која има заеднички именител, ДУИ, нема капацитет да работи на заштита и унапредување на правата на Албанците, затоа единственото решение што ќе ја кристализира политичката сцена се предвремени парламентарни избори, во кои сме убедени дека албанската опозиција ќе биде апсолутен победник и достоен претставник на Албанците во Северна Македонија.