Собраниска делегација во работна посета на Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе престојува во работна посета во Вашингтон – САД, каде ќе присуствува на Парламентарен форум за лидерство што ќе се одржи утре и задутре во Вашингтон.

Форумот, како што соопшти собраниската прес-служба, е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата.

Заедно со Џафери во делегацијата се и потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Република Северна Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *