МИЦОТАКИС УБЕДЛИВО ПОБЕДИ СО КАМПАЊА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА! НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО! ЗАКАНАТА ЗА НОВИ ГРЧКИ БЛОКАДИ НА ПАТОТ КОН ЕУ СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ! СЕГА БОРИСОВ И МИЦОТАКИС ЌЕ ДЕЛУВААТ ВО ТАНДЕМ!
Медиумските гавази на Заев и СДСМ мислат дека најдоа нова формула да ја манипулираат јавноста. Демек, Грција не можела да еднострано да го раскине Договорот Заев-Ципрас и затоа Мицотакис омекнувал во ставот. И што сега, треба сите да сме среќни и весели? А кој кажал дека Мицотакис има намера еднострано да раскинува било што? Грците никогаш не ја раскинаа ниту Времената Спогодба од 1995, едноставно не ја почитуваа! Новиот Грчки Премиер најави кампања за заштита на брендот Македонија. Тоа значи уцена и забрана за трговските марки и користењето во економска смисла на придавката „македонски“ од наша страна. Пратеникот на Нова Демократија, Никос Дендиас, кој се споменува како можен Министер за надворешни работи, на интервју за Грчката национална ТВ најави обид за редефинирање на Договорот Заев – Ципрас во делот на јазикот, националноста и државјанството. Патем дрско не нарекуваше „Скопјани“. Претходно, друг функционер на Нова Демократија, перфектот Апостолос Sиsикостас кажа дека нема да ги менува таблите ПЈРМ со Северна Македонија.
СЕГА ВЕЌЕ КРИЕНКА НЕ ВРШИ РАБОТА! НЕЛИ ИДЕНТИТЕТОТ НИ БЕШЕ БЕТОНИРАН?
Пендаровски, Заев, Димитров и Шекеринска јавно да кажат што ако не дај боже Македонија не добие датум за отпочнување на преговорите. Пред неуспешниот референдум бевме агресивно убедувани дека предавствата со Бугарија и Грција ќе ни обезбедат екпресно придвижување кон ЕУ! Членството во НАТО незначително овозможува економскиот раст! Цела економска политика на немакедонската Влада се темели на очекувања за инвестиции и подобрување на животниот стандард како резултат на отворање на поглавјата со ЕУ.
УТЕШНИ НАГРАДИ НЕ ПРИФАЌАМЕ! ТРАМПА НАЦИОНАЛНИ ПОНИЖУВАЊА ЗА ВЕТУВАЊА ЗА ЕУ ФОНДОВИ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ НЕ ИМ ВРШАТ РАБОТА! УШТЕ ОД СЕГА ДА ЗНААТ!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! СЕ Е ШТО Е МАКЕДОНСКО И СВЕТО ЌЕ ВРАТИМЕ НАЗАД!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА