Отворена полициска канцеларија во Пештани

СВР Охрид отвори полициска канцеларија во населбата Пештани со цел зајакнување на партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер и навремено решавање на безбедносните предизвици и состојби.

Полициската канцеларија, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, се наоѓа во близина на регионалниот пат Охрид – Свети Наум и ќе биде отворена секој ден од 11 до 19 часот.

– Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници и непосредно да поразговараат за одреден безбедносен настан, да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес, изјави Димоски.