Писмена реакција за предлозите за реконструкција на немакедонската Влада

МЕТЛАРИТЕ РЕШИЈА САМИТЕ ДА СЕ ИЗМЕТАТ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е САРДИСАНА ОД СИТЕ СТРАНИ! СЕ Е ЈАСНО! СЕ НАСЕТУВА ДЕКА ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕ СООДВЕТЕН КАДАР ДА МУ ПОТПИШУВА НА СЛЕПО И МОРА И САМИОТ ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ! НЕ ПОСТОИ ЧОВЕК СО ИНТЕГРИТЕТ И КОЈ МИСЛИ СО СВОЈА ГЛАВА КОЈ БИ СЕ НАФАТИЛ ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ СРАМЕН ПЕРИОД! ДУРИ И ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, КАДАР НА СДСМ, ГО НАПУШТА БРОДОТ ШТО ТОНЕ!

 

КЛУЧНАТА ДИЛЕМА Е ЗОШТО МИЛЕВСКИ И ЛДП СЕ ИЗБРАНИ ДА РАКОВОДАТ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА? КАКВА УЈДУРМА СЕ КРИЕ ЗАД НАЈАВИТЕ НА ЗАЕВ И ЗЕЛС ЗА ПОВИСОК СТЕПЕН НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТИНИТЕ? ЈАВНОСТА СЕ УШТЕ НЕ ДОБИ ОДГОВОР ОД АХМЕТИ И ТЕУТА КАКВА Е ТАА УНИЈА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ ОД РЕГИОНОТ?

 

Можат да се обидуваа да продаваат некакви козметички кадровски измени, но не можат да избегаат од фактот дека со црни букви запишани во историјата како најголеми предавници. Немакедонската Влада ќе биде запаметена по раздавање на Македонските национални интереси и душманското предавање на се што е Македонско и свето. Промена на име, прифаќање хибриден идентитет за Македонската нација, учество во ревизија на Македонската историја по Грчки и Бугарски терк, воведување двојазичност на цела територија, насилно поставување на Џафери за втор човек во Државата, лажно вметнување на Рамковниот Договор за конститутивен елемент во Македонскиот устав, откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска и Пиринска Македонија се гревови кои оваа генерација на СДСМ ќе ги следи до крај. Бадијала се обидуваат да зборуваат за економија, социјала и инвестиции!

 

БРАЌА И СЕСТРИ, СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА ОВАА НЕНАРОДНО ВЛАДЕЕЊЕ! ИМАМЕ СИЛА, ВОЛЈА, ЗНАЕЊЕ И КАПАЦИТЕТ ДА ГИ САНИРАМЕ ШТЕТИТЕ И ДА СЕ ИЗБОРИТЕ ЗА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЌЕ ПОБЕДИ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ГОРДА!

 

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА