Писмена реакција за ставот на Стево Пендаровски за Гоце Делчев

ПЕНДАРОВСКИ ИЗГЛЕДА ЗАБОРАВИЛ ДЕКА ПОТПИША СВЕЧЕНА ЗАКЛЕТВА ДЕКА ЌЕ ЈА БРАНИ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! СТАВОТ НА ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СЕ ДЕКЛАРИРАЛ КАКО БУГАРИН И ВО ИСТО ВРЕМЕ СЕ БОРЕЛ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА Е СРАМЕН, ПАЗАРЏИСКИ И НАНЕСУВА ТЕШКА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! СЕПАК, НИЕ НЕ СМЕ ИЗНЕНАДЕНИ! ОД ИЗБОРОТ НА ЗАЕВ И АХМЕТИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА НИШТО ДРУГО!

 

Зарем, нашите браќа и сестри со Егејска и Пиринска Македонија се Грци или Бугари затоа што Грчките и Бугарските власти не признаваат Македонски идентитет и не им дозволуваат да се декларираат како Македонци? Ајде нека објасни Пендаровски како е можно некој по сопствена волја и убедување да се декларира за Бугарин а да се бори за самостојна Македонија? Или Пендаровски не е свесен за тежината на искажаното и не сфаќа дека неговиот срамен став е всушност потврда на идиотската теза на Бугарските иреденти за „еден народ во две Држави“?

 

ВИСТИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ПОВИКА НА ЧЛЕНОТ 13, ТОЧКА 3 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА И ВО ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТРАНО ДА ГО РАСКИНЕ. ТАКА СЕ ОДГОВОРА НА ЗАКАНИТЕ НА БОРИСОВ, ЗАХАРИЕВА И КАРАКАЧАНОВ, А НЕ ДА ИМ СЕ ИЗМИСЛУВА ПАЗАРЏИСКА ИСТОРИСКА КВАЛИФИКАЦИЈА ПО ПРИНЦИПОТ 50-50! ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е НАШ МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР И ТОЧКА! НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ И БУГАРИН И МАКЕДОНЕЦ КАКО ШТО СИ ЗАМИСЛУВААТ ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА!

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ТЕШКО ЌЕ ЈА ПОРАЗИ И ОВАА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА НА СДСМ! НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ ЌЕ СЕ СМЕНИ ПОЛИТИЧКАТА МАПА. СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО ЌЕ ГО ВРАТИМЕ, БЕЗ КОМПРОМИСИ! ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА СО СИТЕ ОБЕЛЕЖЈА Е ПАТОТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СИЛНА НАЦИЈА И СИГУРНА ИДНИНА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА