Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери во случајот „Маџар Телеком“

Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата на Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски дека ги наклеветил оти примиле мито од „Маџар телеком“.

Одлуката денеска ја објави Основниот суд Скопје 2 на својата веб страница.

Во одлуката се наведува дека Богоевски е одговорен за клевета кон Ахмети и Џафери.

Богоевски нема да им исплати материјална штета на Ахмети и Џафери бидејќи тие се повлекле од барањето.

Богоевски пред судот во Њујорк во постапката која се водеше против тројца поранешни менаџери на „Маџар Телеком“ изјавил дека двајцата високи функционери од ДУИ примиле мито од по 2,5 милиони евра.