Отворениот базен што функционира во рамки на ЈП „Билјанини извори“ во Охрид од понеделник ќе биде отворен за корисниците.
Изминатиот период јавното претпријатие спровело активности неопходни за активирање на базенот, како проверка на системот за прочистување и одржување на квалитетот на водата во базените, комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен, како и уредување на просторот околу двата базени.
Градскиот базен „Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 до 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 до 20 часот за сите рекреативци.Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.