ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ – ДЕЛ I

Праисторијата на древна Македонија може да се реконструира по истата методологија како и другите заедници на Балканот, а на основа на различни извори како што се митолошко-историски, археолошки, лингвистички и литературни податоци

Судејќи според археолошките податоци од материјалната култура, посебно од ликовната уметност и од митологијата, античка Македонија имала единствен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историско-книжевни и антрополошки елементи кои можат топографски да се лоцираат на географско-политичкиот простор на Македонија.

Според митологијата, постојат две преданија за Македонците. Според едното предание, од авторот Диодорус Сикулус (Diodorus Siculus) (библиот. I, 18, 1; 20, 3), митолошкиот крал по име Македон, бил син на египетскиот бог Озирис и божицата Изида. Антропонимот Македон има основа μακ, μακαρ, mak, makar-имашлив, блажен, среќен, додека сроден збор е  μακεδνος, makednos-тенок, силен, висок. Според оваа легенда, кога египетскиот крал Озирис, од V династија египетски владетели, околу 2500-2340 година пред Христа, власта í ја препуштил на жена си Изида и пошол да го освојува светот, со себе ги повел и своите синови Македон и Анубиус. Бидејќи Озирис во Тракија го убил тракискиот крал Ликург, наследник на Дријант, својот прв син Македон го прогласил за крал и го оставил во земјата која според него била наречена Македонија (Срејовиќ и сораб.,1992 година, 243).

Озирис припаѓал на првиот ред египетски богови, бил бог на Сонцето (Амон-Ра). Пред крајот на неговото валедеење дошло до духовни и религиозни промени, па Озиарис станал бог на подземниот свет, како и Хад, зашто според египетските верувања, задгробниот живот заземал најважно место. Од ова произлегува дека потеклото на првиот македонски крал е божествено и неговото лоцирање може да биде околу 2300 година пред Христа, што значи при крајот на V египетска династија.

egeja2

Македонски штит со сонце пронајден на локалитетот во Старо Бонче

Според втората легенда, чиј автор е Хесиод (Фрагменти, 29), богот Зевс и нимфата Тиа имале двајца синови, Магнет и Македон. Магнет е епонимен крал на македонското племе Магнети од источниот планински дел на Тесалија, создавачи на Димини културата (300 година пред Христа).

Вториот син на Зевс, Македон, бил родоначелник на Македонците, епонимен херој на Македонците и епонимен херој на Македонија која ги опфаќала областите на Олимп, Пиерија и Пинд. Македон имал тројца синови: Аматија, Пиер и Пинд. Наредни митолошки македонски кралеви биле: Еагар, Орфеј, Леонт, Мид. Македонската историска династија, или т.н. Аргеадска династија, според името на градот од кој потекнува (Argos Orestikon или Рупишче, костурска околија во Западна Македонија), датира од околу 700 година пред Христа. Нејзин родоначалник бил Пердика I. Во историјата се познати дваесет и седум крала до 168 година пред Христа, од кои најзначајни се Архелај (413-399), Филип II (359-336), за кого Демостен (384-322) од Атина рекол дека истовремено бил најдобар војсководец, благајник, политичар и дипломат и дека никој никогаш не ја разбранувал така Европа пред него, и Александар Велики Македонски (336-323).

Македонците на Балканот биле староседелци, како и сите палеобалкански народи. Тоа го потврдуваат и археолошките наоди од VII и VI милениум пред Христа на локалитетите: Анза, Породин, Неа Никомедеиа, Дупјак, Рупишта, Ситегрои, Зелениково и др. Единствено тие успевале на Балканот да формираат единствена држава, во општествено-политичка смисла, уште во време на кралот Пердика (околу 700 година пред Христа), да го сочуваат континуитетот и името на државноста од дамнешната праисторија, а со Александар Македонски создаваат светска Македонска империја, од Дрина и Дунав, до Индија и Кина.

Кралеви на античките македонски династии Aргеади и Aнтигониди

Пердика I

(околу 700 година пред Христа)

Аргеј I

Филип I

Аероп I

Алкета I

Аминта I (540-495)

Александар I (495-452)

Пердика I I (452-412)

Архелај (413-399)

Орест (399-398)

Аероп I I (398-395)

Аминта I I (394-393)

Павсанија (     393)

Аминта I I I (393-370)

Аргеј I I (393-392)

Александар I I (370-368)

Пердика I I I (368-359)

Филип I I (359-336)

Александар I I I Македонски (336-323)

Филип I I I Аридај (323-317)

Касандар (316-298)

Диметрије I (293-283)

Антигон I I  Гоната (276-239)

Диметрије I I (239-229)

Антигон I I I (229-221)

Филип V (221-179)

Персеј (179-168)

Во персиско-елинските војни, античките Македонци се бореле на двете страни, па дури и во поморските битки кај Саламина, кон крајот на септември, 480 година пред Христа, на страна на Хелените. За ова Херодот (VIII, 43) изнесува: „Во текот на војната на Саламина учествувале: Спартанци, Коринчани, Сикиоњани, Епидаврани, Трезењани и Хермиоњани. Сите, освен Хермиоњаните, по потекло биле Дорци и Македонци“. Пред прочуената битка кај Платеја во Атика, во пролетта 479 година пред Христа, Александар лично му доставувал важни известувања на спартанскиот крал Паусанија за бројот, распоредот и вооружувањето на персиските сили и за времето на битката. Победени,

Персијците во паника го напуштиле Балканот. На македонскиот крал Александар I му била доверена улогата како пратеник да склучи мир меѓу Персија и Атина. Поради сите овие и други услуги, во историјата, Александар бил наречен „Филхелен“, а не поради тоа што бил Хелен. За време на владеењето на овој крал, границите на Македонија биле проширени повеќе на исток, со заземање на Крестонија и Бизалтија. Сето ова се случувало во општа ровка меѓународна ситуација за превласт на овие простори меѓу Персија, Атина, Спарта, Македонија, Тракија и Илирија.

egeja3

Мозаик од 4-от век пред Христа

Кралот Александар I го наследил неговиот син Пердика II, кој владеел меѓу 452-412 година пред Христа. Тој бил крал на Македонија во периодот на Пелопонеските војни, кога сé повеќе доаѓа до криза во односите со Атина, заради нејзините експанзионистички и колонијалистички претензии околу македонските и тракиските брегови. Пердика ја искористил спартанската експедиција во 424 година пред Христа заедно да го разбијат Атинскиот сојуз и колонијалното владеење на Атина.

Покрај тоа, Пердика ја запрел тракиската опасност на кралот Салтик (429 година пред Христа) и успешно го експлоатирал антагонизмот меѓу хеленските градови. Во текот на неговото владеење, на македонскиот двор престојувал и најпрочуениот лекар на тогашното и подоцнежното време, Хипократ од Аликарнас, кој го лечел разболениот крал. Пред Хипократ, во околу 460 година пред Христа, во Македонија бил и таткото на историјата, Херодот, кој дал многу добри податоци за Македонија. 

По смртта на Пердика, на престолот на Аргеада дошол неговиот син Архелај, кој владеел меѓу 413-399 година пред Христа. „Кога станал крал и рамните патишта ги расекол, и останатото за војната го сторил: коњи, оружје и останатата опрема, подобро отколку сите осум други кралеви“ (Туркидид, I I, 100).

Кралот Архелај е познат и по тоа што основал нова престолнина на Македонија, Пелa, во покраината Ботиаја, преместувајќи ја истата од планинските и погранични делови во идеален и централен, рамничарски крај, покрај Термајскиот Залив, кој тогаш длабоко навлегувал во копното. Во текот на само една генерација, Пела станала најголем и најубав македонски град.

Покрај тоа, Архелај е основач на светиот град Дион, на источните падини на Олимп, чии ѕидини изнесувале 2 500 метри во должина, а површината на утврдениот дел била 460 000 м2. Покрај храмот на богот Зевс, тука биле и светилиштата на други богови: Дионис и Деметра, потоа Асклепије, Изида, Муза и други. Следат театри, некрополи, палати, терми, куќи за великаните и друго, кои биле откриени со археолошките истражувања од 1920, 1929, 1978 и понатаму.

Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *