СДСМ: Нема поголем срам и понижување од тоа да браниш криминал на штета на државните интереси

Нема поголемо понижување од тоа државата 11 години да биде заробена во изолација и сиромаштија  за која директен виновник е антинародната ВМРО ДПМНЕ.

Нема поголем срам од тоа да се бранат криминалите на Никола Груевски и фамилијата на штета на државните интереси како што тоа го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во матрицата на деструкција, криминал и антидржавно дејствување. но не успееја да ја вратат државата назад во изолација и неизвесност.

Државата е на вистинска патека, станува 30 земја членка на НАТО и напредува во интеграцијата кон ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја вратат назад во темното минато на криминал и изолација.