Македонско-бугарската стопанска комора денеска ќе одржи редовно годишно собрание, на кое се очекува да се усвои нов акциски план со поддршка за приоритетните и заеднички инфрастуктурни поврзувања, формирање на царински терминали кои би ја олесниле брзината на трговската размена на компаниите од двете држави, поефикасни и побрзи царински постапки во транзитирањето на стоки во взаемната трговија и извозот на третти пазари.
Во насока на заложбите на Владата за добрососедство, како и бизнис бенефици за инвеститорите што се основа за економски развој и значајни за отворање на нови работни места, претседателите на Македонско-Бугарската стопанска комора и Бугарско – Македонската Трговско-индустриска комора од Софија, Кирил Лазаров и Пламен Павлов ќе потпишат Меморандум за соработка со што се потврдува заедничката желба за промовирање на соработката и унапредување на економските односи од двете земји.
На Собранието ќе се обратат претседателот на МБСК Кирил Лазаров, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ и претседателите на бизнис асоцијациите од Република Северна Македонија и Република Бугарија. Н ајавено е учество на претставници на дипломатскиот кор, градоначалници и бизнисмени од регионот.