Сите честитаат за најпозитивниот Извештај на ЕК, само Мицкоски го премолчи овој успех и продолжува да го брани Никола Груевски
Додека сите ги препознаа успешните реформи и честитаа за најпозитивниот Извештај на Европската комисија откако нашата држава е земја кандидат за влез во ЕУ, Христијан Мицкоски го премолче и овој успех на државата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не честитаа на препознаениот и признаен успех, туку го бранат криминалот на Никола Груевски со што продолжуваат да работат спротивно на интересите на државата и граѓаните.
Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште имаат шанса да го поздрават успехот и Препораката за почнување на преговри со ЕУ и да се вклучат во забрзаување на реформскиот процес што е во интерес на граѓаните и државата.
ВМРО ДПМНЕ треба да даде поддршка за продолжување на работата на СЈО и да се откаже од барањето на скриена амнестија.
Република Северна Македонија продолжува напред колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Продолжува реализација на децениските национални и државни интереси како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.