Претседателот на Стево Пендаровски, денеска ја прими гувернернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска. На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, се разменети мислења и информации за актуелните текови во монетарната политика, во банкарскиот сектор, како и за актуелните случувања во економијата.
Претседателот Пендаровски оцени дека Народна банка во досегашната работа покажа капацитет во постигнувањето на финансиската стабилност и одржувањето на сигурен банкарски систем, што во континуитет е позитивно оценувано и од страна на Европската комисија.
Тој изрази уверување дека ќе продолжи континуитетот на успешно водење на монетарната политика, преку одржувањето на ценовната стабилност и дека Народна банка ќе продолжи да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.