Изминуваат 10 дена од вториот круг од нелегитимните Претседателски избори а „метлата“ заедно со „метларите“ е претворена во комедија уште пред да започне! Секојдневно функционерите на Заев одговораат на новинарите дали очекуваат да бидат сменети? А функционерите на ДУИ не пропуштаат да му го истријат носот на Заев дека нивен Премиер е Ахмети. Да не знаеш на кого му е помачно! Дали на Заев што бега од реалноста со возење мотор или на неговите Министри кои едвај се воздржуваат да не покажат јавно незадоволство!
ИМА САМО ЕДНА ФОРМУЛА ЗА УСПЕШНА МЕТЛА, МЕТЛАРИТЕ САМИТЕ ДА СЕ ИЗМЕТАТ И ДА ГО ВРАТАТ ЛЕГИТИМИТЕТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!
Начинот на кој ДУИ експонира дека без нив не може да се избере ниту Премиер, ниту Претседател потсетува на едно друго време кога СДСМ беше власт. Заев треба да се потсети на таа политичка лекција. Хари Костов во 2004 поднесе оставка зошто и тогаш за Министрите на ДУИ Премиер им беше единствено Ахмети! Единствената разлика е што тогашниот Премиер имаше храброст јавно да ги обвини дел од тогашните Министри на ДУИ за корупција.
НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ НАРОДОТ! НИКАКВИ КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ НЕ МОЖАТ ДА И ПОМОГНАТ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! НЕ МОЖЕ ВНАТРЕШНАТА ПРЕСМЕТКА ВО СДСМ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА ИЗНЕВЕРЕНИТЕ ОЧЕКУВАЊА КАЈ ГЛАСАЧИТЕ!
МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА СИ ГО БАРА НАЗАД ЛЕГИМИТИТЕТОТ ОД СВОИТЕ СЕГАШНИ ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИЦИ! ПОВЕЌЕ ОД 700 000 ГРАЃАНИ НЕ ГИ ОДОБРУВААТ ПРЕДАВСТВАТА СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА!
БАРАМЕ ТЕМЕЛНИ РЕФОРМИ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО И ДА ОДИМЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА