Дане Талески назначен за нов национален координатор за подготовка во НАТО

Дане Талески е назначен за нов национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО на денешната 135 седница на Влада.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата на Стево Пендаровски, досегашен национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, му е утврден престанок на функцијата поради изборот за претседател на Република Северна Македонија, согласно член 83 од Уставот, според кој должноста Претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

Дане Талески е советник за надворешна политика на премиерот Зоран Заев.