Вчерашните избори за претседател на РСМ поминаа во мирна и демократска атмосфера, без нарушувања на изборниот процес и без било какви кршења на изборните правила и стандарди.
Победата на Стево Пендаровски е кристално чиста и израз на цврстата решеност и определба на мнозинството граѓани кои гласаа за продолжување на евроатланските процеси, внатрешна кохезија и стабилност на државата.
ДИК и другите државни институции дејствуваа согласно нивните надлежности и обезбедија услови за слободно изјаснување на граѓаните.
Овие избори се со исклучително важна историска димензија, затоа што се работи за огромна демократска победа на граѓаните, но и на сите партии кои учествуваа во изборниот процес.
Демократскиот сојуз очекува да се забрзаат реформите во државата и за важните стратешки прашања да се гради единство помеѓу партиите од власта и опозицијата.
Советот на Европската Унија во Јуни, треба да ги отвори вратите за влез на Република Северна Македонија во ЕУ, без било какви калкулации, оправдувања и условувања.