Одбележување на Националниот комеморативен ден на холокаустот

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница денеска ќе го одбележат Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел, што се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата ќе се одбележи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во некогашното еврејско маало во Скопје. Ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи, плато пред Меморијалниот центар на холокаустот, по што ќе се обрати претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо-Николиќ, а ќе бидат запалени и шест меморијални свеќи.

Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“.