Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани. Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.

Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?

Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?

Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.

Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот. Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.

Почитувани, правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори!