Мицкоски истакна дека и во Пехчево се чувствува заевизмот кој носи само сиромаштија, немање работа и се помасовно иселување на младите од Македонија, додавајќи дека ова мора да заврши час поскоро и дека на граѓаните треба да им се обезбеди сигурна иднина во сопствената татковина,а тоа е можно само со заминување на Заев и СДСМ од власт.
Податоците говорат дека само лани 100 000 граѓани се иселиле од нашата земја. Тоа е вистинското опустошување кое е последица на незнаењето на власта и нејзината неспособност. Гласот за Пендаровски е глас за Зоран Заев, и за опустошена Македонија. Затоа овие избори се многу повеќе од само претседателски избори. Овие избори се за Македонија и нејзината иднина, вели Мицкоски.
Според него овие избори не се само претседателски избори туку и можност за отворање на вратата за нови предвремени избори, а тоа е можно само доколку Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова победи на претседателските избори.
Затоа овие претседателските избори не се само обични претседателски избори, туку овие претседателски избори после победата убедливата победа на Гордана Сиљановска Давкова ја отвораат вратата за следни предвремени парламентарни избори.
И не дека Зоран Заев така вети дека откако нивниот избраник Пендаровски Стево ќе изгуби на овие претседателски избори, па ќе распишеме предвремени парламентарни избори, туку едноставно затоа што така народот сака, а народот денеска ширум Македонија, по улиците, булеварите, на плоштадите, во домовите, силно кажува не шупути како што некој милува да каже, туку силно кажува, вика дека на 21 април а потоа на 5 мај жена ќе биде претседател на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова е идниот претседател на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.