Истиот тој Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, еднаш од Катица Јанева денеска зборува за аболиција. Замислете човекот којшто е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и побара прошка од граѓаните тој повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене. Пола говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот Мицкоски од Илинден.
Тој порача дека тоашто го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоашто во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.