Комитет за земјоделство и безбедност на храна ќе ги следи мерките и проектите во агросекторот

Не се укинува Агенцијата за храна и ветеринарство, ниту се прави нешто со ингеренции над нејзините, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашната одлука на Владата да се формира Комитет за земјоделство и безбедност на храна.

– Основната задача на овој Комитет е да ја следи реализацијата на мерките и проектите поврзани со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и секако, да дава насоки и предлози со цел да се подобрат состојбите во овие специфични области, истакна Бошњаковски, одговорајќи на новинарски прашања.

Во Комитетот нема да има нови вработувања. Тоа ќе биде структура од постојниот кадар на институциите.