Мицкоски им го честита Светскиот ден на Ромите

Почитувани припадници на Ромската заедница,

Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

На овој ден Република Македонија ја одбележува културната специфичност и традиција на ромската заедница која е една од најстарите на нашата територија.

За нас, Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултирелигиско, мултијазично и мултиетничко општество.

Како во минатото така и во иднина ВМРО-ДПМНЕ напорно ќе се залага за унапредување на социо-економскиот статус, политичката и културната позиција на Ромите во општеството.

Потребна е поголема поддршка за подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите во Република Македонија, бидејќи само со инклузија на Ромите ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат Ромите денес во Република Македонија.

Цврсто сум убеден дека во иднина ќе го продолжиме со концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество.

Искрено, на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!