Писмена реакција за оценките за посетата на Ципрас на Македонија

Патетични се обидите на немакедонската Влада и нејзините медиумски гавази да ја претстават посетата на Ципрас како историска и нова ера во политиката. Еден од аргументите на посветените бранители на ликот и делото на Заев е дека вчера земјата била главна вест во светските медиуми.

И тоа гратис! Демек, без да се плаќало милионски износи за реклами во светските медиуми!

 

ЕВЕ САМО ЕДЕН ДЕМАНТ НА КОМУЊАРСКИТЕ ГАВАЗИ! УГЛЕДНИОТ НЕДЕЛНИК “TIME“ ИЗЛЕЗЕ СО НАСЛОВ „ГРЧКИОТ И СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ПОЗИРААТ НА ИСТОРИСКОТО СЕЛФИ ПО КРАЈОТ НА 30-ГОДИШНИОТ СПОР“. РЕАКЦИЈАТА НА ДИМИТРОВ ДОЦНИ! А ВО ОЧЕКУВАЊЕ СМЕ НА НОВА ДОЗА НАПАДИ ДЕКА СМЕ МАЛИЦИОЗНИ И СРЕДНОВЕКОВНИ НАЦИОНАЛИСТИ ОТИ НЕЛИ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Е 100% ГАРАНТИРАН! АКО ТАКА РЕКЛЕ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ, ШЕКЕРИНСКА И ПЕНДАРОВСКИ, ТОА НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО ПРЕИСПИТУВА! ТИЕ НЕ ЛАЖАТ! САМО СУШАТ!

 

Трагични се оправдувањата на немакедонската Влада и несреќниот Пендаровски зошто е прекршен дипломатскиот протокол при официјални посети на странски државни функционери. Ние пак си помисливме дека дипломатскиот протокол повторно се збунил па затоа не ја пуштил химната и не ја построил гардата. Си рековме дека може мислеле дека наместо Ципрас ќе дојде само неговиот готвач! Оти не беше толку далеку кога при посетата на Курц наместо Австриско ставија Летонско знаме. Ама, не, тоа било смислена стратегија! Доцнењето на Ципрас и делегацијата е причина зошто не се интонирала химната и не се построила Македонската армиска гарда. Дури Пендаровски на митинг подоцна ни објасни дека при такви посети химната се интонирала во инструментална верзија и не можела да му пречи на Ципрас. Да те изеде туѓиот срам! Инаку со восхит ја примивме веста дека невенчаната сопруга на Ципрас го посетила гробот на Гркот Зорба. И тоа е историски! Можеби заради доцнењето, Ципрас не стигна да го посети Свети Спас и гробот на Гоце Делчев, кој е роден во Кукуш, убиен во Баница, во Егејска Македонија, но и ова е нешто!

 

ПРОСТО Е НЕВЕРОЈАТНА ЛЕСНОТИЈАТА СО КОЈА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЈА ПОТЦЕНУВА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Е ЗГРОЗЕНА ОД НЕДОСТОИНСТВОТО И ПОНИЖУВАЊЕТО НА АКТУЕЛНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ФУНКЦИОНЕРИ! НЕ САМО ШТО СЕ ПОНИЗНИ И КОНТИНУИРАНО СЕ ПОНИЖУВААТ, ТУКУ СЕ ОБИДУВААТ ТОА ДА ГО ПРЕТСТАВАТ КАКО ДИПЛОМАТСКИ УСПЕХ! ЈАДНИЦИ! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА СИ ДОАЃА ПО СВОЕТО! ПРОВИДНОТО СЦЕНАРИО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НЕМА ДА БИДЕ ВЕРИФИКУВАНО! ОВОЈ СРАМЕН ПЕРИОД ЗА ТАТКОВИНАТА ЌЕ БИДЕ КАЗНЕТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА