ВМРО-ДПМНЕ: Германските инвеститори потврдија дека СДСМ ништо не сработи

Криминалот и корупцијата на владата предводена од Зоран Заев ја влечат македонската економија надолу. Потврда за неспособноста на владата на СДСМ дојде и од германските инвеститори кои со нула ја оценија нејзината работа во економијата.

Германските инвеститори во земјава потврдија дека СДСМ во овие две години ништо не сработи освен што ги распродаде државните интереси. Тие ги потврдија и криминалните и матни тендери на картелот на власт како и правната несигурност која создава СДСМ во државата.

Дури и семејството на Зоран Заев не верува во неговите политики и затоа почнаа да бараат иднина за сопствените бизниси во соседна Бугарија.

Оценката на 200 германски фирми за работата на владата на СДСМ ги потврди сите тврдења на ВМРО-ДПМНЕ од изминативе две години дека додека СДСМ ги продава државните и национални интереси, државата тоне и сите можни полиња бележат неуспех.

Откако е СДСМ на власт граѓаните се повеќе осиромашуваат, над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а младите заради бесперспективноста која ја создава власта забрзано се иселуваат.

Секојдневно се задолжуваат, а граѓаните не гледаат никаков бенефит. Како резултат на задолжувањата на СДСМ јавниот долг за прв пат во историјата а државата надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%.

Неспособноста на власта ја покажува и нивото на реализација на капиталните инвестиции кое е најниско досега. За првите два месеци тие изнесуваат мизерни 3,53% што ни кажува дека и оваа година како и минатата нема да успеат да реализираат ни половина од капиталните инвестиции кои самите си ги проектираат.

Економијата тоне, образованието уништено, земјоделието е на колена, здравство во кое умираат луѓе, младите се иселуваат, пензионерите се излажани. Буквално цела држава се распаѓа како резултат на криминалот и неспособноста на СДСМ.

Со СДСМ Република Македонија само уназадува. Граѓаните не носат розеви очила како Зоран Заев и токму затоа ќе го казнат за сите погубни политики. СДСМ и Зоран Заев мора да си заминат за Република Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат.