Со низа активности, денеска во Делчево се одбележа Светскиот ден на водите, 22 Март. Тони Стоименовски од ЕЛС Делчево денеска информираше дека се обезбедени околу шест милиони швајцарски франци за пречистителна станица за отпадни води.
– Обезбедивме околу шест милиони швајцарски франци, за пречистителна станица за отпадни води, проект што започна да се имплементира 2018, продолжува 2019 година, со што најдоцна до крајот на 2021 година ќе добиеме нова пречистителна станица и чиста вода за пиење, рече Стоименовски.
Преку ваквите проекти за изградба на пречистителна станица во Делчево, швајцарската конфедерација се наметнува како најголем партнер на Република Северна Македонија во насока на обезбедување чиста вода за пиење.
Имено, главниот настан беше одбележан со запознавање на учениците од основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ со општите факти за флората и фауната што постои по течението на река Брегалница.
– Светскиот ден на водите го одбележуваме со учениците од основните училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ кои ги запознавме со шумските видови и со сите видови на живеалишта што се идентификувани долж течението на реката Брегалница. Споделивме неколку важни факти на светско ниво за важноста на водата за нас како луѓе, истакна Стоименовски.
Додаде дека денешниот ден е од огромна важност за општина Делчево има и посебна, бидејќи во тек е проект преку кој се обезбедени финансиски средства за изградба на пречистителна станица за отпадни води.