Владата на денешната 126 седница ќе го расправа за годишниот извештај за 2018 за работата на Агенцијата за енергетика, а на предлог на АД ЕЛЕМ ќе ја разгледа и предлог одлуката на управниот одбор за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво.
На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство министрите денеска ќе одлучуваат за измена на одлуката за висината на надоместоците за спроведување на системот на идентификација и регистрација на животните и висината на надоместокот за дополнителни официјални контроли.
Ќе се разгледа и информација за реафирмирање на работата на Советот за земјоделство и рурален развој со предлог одлука за изменување и дополнување на одлуката за формирање на Совет за земјоделство и рурален развој, а ќе се разгледа и информација за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за политики за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во секторот земјоделство.
На предлог на Министерството за внатрешни работи на денешната владина седница ќе се разгледа предлог за поведување постапка на преговори за склучување на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Владата ќе ја разгледа и информацијата за контрибуција на Република Северна Македонија во доверителните фондови на НАТО во рамки на Иницијативата за градење и зајакнување на одбранбените и безбедносни капацитети, а треба да донесе и одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во вежбовната активност „Vigorous warrior 19“ во Република Романија.