Соопштение за јавност за разголувањето на предавничките лаги

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА КАКО И СЕКОГАШ ДАВА ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ОД ЕГЕЈСКА, ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА И ЦЕЛИОТ РЕГИОН. ТОА Е НАША СТРАТЕШКА ОПРЕДЕЛБА ОД КОЈА НЕ ОТСТАПУВАМЕ!

 

Отец Никодим Царкњаз ги разобличува лагите на немакедонската Влада! Македонците во Егејска Македонија се 100% против капитулантскиот Договор Заев – Ципрас! Тие никогаш нема да прифатат дека се „одредена категорија население која не зборува грчки, туку друг јазик“. Македонците од Егејска Македонија се понижени кога раководството на нивната матична земја вели дека вековната борба за нивниот идентитет, човекови и демократски права е внатрешно прашање на Грција. Имаат тешка горчина во душите бидејќи се пуштени низ вода од изродите!

 

Пред три дена Димитров на своја кожа ги почуствува „придобивките“ од Договорот Заев – Ципрас во Грчкиот Парламент. Портпаролот на радикалната „Златна Зора“ тргна физички да се пресметува со него и урлаше „Македонија е Грчка“. И види чудо, нема ниту една сериозна официјална реакција од Грчка страна, која ќе го осуди ова однесување.

 

ПРЕДАВНИЦИ ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ТРЧАТЕ ДА ГИ МЕНУВАТЕ ИМИЊАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ДА ИМ СЕ ДОДВОРУВАТЕ НА ГРЧКИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ. ТИЕ НЕ СМЕНИЈА НИТУ ЕДЕН НАЗИВ, НЕ СМЕНИЈА НИТУ ЕДНА ПОЛИТИКА! ДОДЕКА ТАМУ ГИ СЛАВАТ НИВНИТЕ НАЦИОНАЛИСТИ, ВИЕ СИТЕ НАС КОИ СИ ЈА САКАМЕ ТАТКОВИНАТА И СЕ БОРИМЕ ЗА СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕ НАРЕКУВАТЕ РЕТРОГРАДНИ СИЛИ! СЕ ЛАЖЕТЕ КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА ЌЕ НЕ ОБЕСХРАБРИТЕ СО ЛЕПЕЊЕ РАЗНИ ЕТИКЕТИ! НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПОМОТИВИРАНИ ЗА ДЕМОКРАТСКА БОРБА!

 

БИДЕТЕ СИГУРНИ, МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕМА НИКОГАШ ДА ВИ ГО ЛЕГИТИМИРА ПРЕДАВСТВОТО. ОВАА СРАМНА ЕПИЗОДА ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА ЌЕ ЗАВРШИ! НИКОЈ НЕ УСПЕАЛ ДА НИ ГО ОДЗЕМЕ НАЈСВЕТОТО, НЕМА НИ ВИЕ! ВАШЕТО ПРОВИДНО СЦЕНАРИО НЕМА ДА УСПЕЕ!

 

ПОСТОИ ПОЛИТИЧКА СИЛА И ВОЛЈА ДА СИ ВРАТИМЕ СЕ’ НАЗАД. ОВОЈ ПАТ БЕЗ КОМПРОМИСИ! МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА СО СИТЕ СВОИ КОРЕНИ ЌЕ СЕ ВОЗОБНОВИ! МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ЌЕ СВЕТИ ВЕЧНО!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА