Криминалниот картел на СДСМ и Зоран Заев докажа дека е неспособен да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија.
Со СДСМ на власт македонската економија крахираше и го допре дното. Во време кога државите од регионот и Европа доживуваат ренесанса, Македонија има најниски плати и БДП од мизерни 2,05%.
Бедата која ја донесе СДСМ од ден на ден се повеќе расте. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека власта се дави во сопствениот непотизам вработувајќи си ги најблиските во државни институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.
Наместо да го остварат ветувањето дека нема да се задолжуваат тие го направија спротивното и почнаа секојдневно да ја задолжуваат државата и граѓаните и поради нивното расипништво јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%.
За нивната неспособност говори и фактот дека во јануари реализирани се само 1% од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа. Странските инвеститори почнаа да ја избегнуваат Македонија, а единствена светла точка во економијата со која што се фалат се инвестициите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Подобар стандард и иднина за граѓаните не се носи со криминал, корупција, непотизам и повисоки даноци. Подобар стандард не се носи ниту со заробено правосудство, креирање страв и политички прогон.
СДСМ ја зароби и крахира државата. Република Македонија има потреба од функционална правна држава, која единствено ќе дојде доколку си замине овој криминален картел на СДСМ. Токму затоа потребна е победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори што ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори за конечно бедата на СДСМ да замине во историјата.