Почитувани,
Заевизмот и капитулантската политика на Зоран Заев институцијата Македонски пошти ја преименува во Национални пошти.
Јавното претпријатија зад мене е јавен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај на Македонија, кое заради политиките на Зоран Заев го изгуби својот идентитет.
Да потсетиме поштите се синоним на држава и прво организирано институционално дејствување на системот за комуникации кое речиси по правило носи во својот назив, во своето име идентитетски карактеристики на државата.
Затоа постојат Бугарски пошти, Пошта Србија, Пошта Косово, Канадски Пошти и други примери, но заради Владата на Зоран Заев и нивната безумност Македонија ќе има Национални пошти без белег на Македонија или пак Македонски.
Да биде апсурдот поголем Македонски Пошти долги години промовираше поштенски марки за одредени историски, културен или историски поводи или јубилеи во Македонија со цел да го одбележи и зајакне идентитетот, за сега истото претпријатие да го загуби сопствениот идентитет заради квинслишката политика на власта.
Ова е само уште еден пример, уште еден доказ дека Заев го понижува својот народ. Договорот од Преспа не значи само бришење на уставното име на државата, туку и уништување на институционалниот идентитет што ќе направи огромна штета на достоинството на македонскиот народ и на државата.
Поразите на државен и национален план кои во низа ги предизвикува Зоран Заев мора да престанат. Првиот чекор се претседателските избори кон победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со што ќе отпочне падот на криминалниот деспотизам предводен од Зоран Заев и ќе донесе повторно надеж, гордост и достоинство во Македонија.