Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со делегација на Секретаријатот за европски прашања, денеска во Собранието ќе имаат средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Средбата е дел од институционалните посети на вицепремиерот Османи, кои имаат за цел следење на имплементацијата на реформите од Планот 18, предизвиците поврзани со истата, како и соодветниот „трак рекорд“ на активности од спроведување на реформите, информираат од СЕП.