Соопштение за јавност за документите на Ватикан за Македоннија во 17 век

ДОКУМЕНТИТЕ НА ВАТИКАН СЕ ФАКТИ ЗА ТЕЖИНАТА НА ПРЕДАВСТВОТО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! СВЕТАТА СТОЛИЦА ДАВАЛА СТИПЕНДИИ НА МАКЕДОНЦИ, СРБИ И БУГАРИ ВО 1619 ГОДИНА! ВО 17 ВЕК ВАТИКАН РАЗЛИКУВАЛ МАКЕДОНЦИ ОД БУГАРИ И СРБИ! ТОА Е ВИСТИНАТА!

Сега нека ни објаснат Заев, Димитров и Шекеринска зошто го прифатија иредентизмот на Бугарските националисти кои тврдат дека не постои Македонска нација и дека се до 20 век никој не зборувал за етнички Македонци. Или радикализмот на негаторот Андреј Ковачев кој излезе со идиотско тврдење дека Британскиот Би Би Си грешел што не констатирал дека во Егејска Македонија живееле Бугари, а не Македонци. Како тоа Ватикан тврди дека во 1620, на колеџот во Лорено, студирале 3 Македонци со стипендија на Светата Столица, а Заев, Димитров и Шекеринска прифаќаат дека Кирил и Методиј не може да бидат Македонци туку космополити.

До сега ние што го браниме светото Македонско име и идентите од изродите и нивните слуги бевме критикувани дека сме националисти, дека сме ретроградни сили, русофили, кои не сме и сакале добро на Македонија и Македонскиот народ. Еве јавно прашуваме, дали и Ватикан и Британски Би Би Си работат за руски интереси и сакаат да и наштетат на немакедонската Влада?

ПОТЦЕНУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД Е МНОГУ ОПАСНО ПОЛИТИЧКО ДЕЛУВАЊЕ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ СОГЛАСИ НА СИСТЕМАТСКО И ЕТАПНО РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ АЛЧНИ ЗА ВЛАСТ ГИ ПРИФАТИЈА СИТЕ ГРЧКИ И БУГАРСКИ УЦЕНИ! ТОА СЕ ФАКТИ ОД КОИ НЕМА БЕГАЊЕ! НЕ МОЖЕ ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ДА БИДЕ ЛЕК ЗА ПОНИЖЕН НАРОД!

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА КАКО НАЈАМЕРИКАНСКА ПАРТИЈА ВО ТАТКОВИНАТА КОЈА СО ДЕЦЕНИИ СЕ ЗАЛАГА ЗА ЕУ И НАТО НО СОГЛАСНО МЕЃУНАРОДНАТА ПРАВДА, ИМ ПОРАЧУВА НА СИТЕ ЗАСИЛЕНИ И ЗАБЛУДЕНИ ПОЛИТИЧАРИ – МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ПОГОЛЕМ И ПОСИЛЕН ОД ПРЕДАВСТВАТА КОИ ГИ НАПРАВИВТЕ. СМЕ ИЗДРЖАЛЕ И ПОСТРАШНИ РАБОТИ ЌЕ ВЕ ИЗДРЖИМЕ И ВАС! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ЖИЛАВ И ЌЕ ВИ ЈА ИСПОРАЧА ФАКТУРАТА! ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА