Министерот Николовски во официјална посета на Катар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар, соопшти ресорното министерство.

Во текот на денешниот ден, министерот Николовски имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи. На средбата е разговарано за билатералните односи, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.

Министерот Николовски денеска имаше работна средба и со Ал Кувари заменик-главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „Хасад Фуд“, чија основна дејност е насочена кон ивестирање во странство.

На средбата беа претствени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна, а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така, предмет на разговор беше и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.

Во рамки на посетата, утре министерот Николовски, ќе има средба со министерот за земјоделство на Катар и со претстваници на државната „Катар Инвестмент Ауторити“.