Собранието денеска ќе ја одржи 86 седница на која меѓу другото е и точката за интерпелацијарта за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата пратениците ќе расправаат и за предлог законот за служба во АРМ во кој со членот 1 се предлага дополнување на членот 38 со нов став со кој се предвидува можноста професионален војник на кого службата во Армијата му престанува поради навршување на 45 години возраст, да може да се прими на служба во Армијата на Република Македоднија како цивилен персонал без објавување на јавен оглас, доколку ги исполнува посебните услови утврдени во актот за формација на Армијата.
Со членот 2 се предлага дополнување на законот со нов член 40-в со кој се предвидува можноста, лицата кои имаат посебни специјалности од особено значење за Армијата, а работат во друг орган на државната власт, јавно претпријатие, установа или служба, како специфичен дефицитарен кадар квалификуван, односно оспособен за потребите на Армијата на Република Македонија, да може да засноваат работен однос на неопределено време со Министерството за одбрана без објавување на јавен оглас, со спогодба за преземање, како и можноста дел од нив да се распоредат на формациските места согласно актите за формацијата на Армијата, во ист чин и звање, согласно стекнатата посебна специјалност.
На дневен ред се и четири точки со европско знаменце. Предлог закони за тутун, за услуги, за слободен проистап до информации од јавен карактер и за акцизи, сите во прво читање.
Пратениците денеска меѓу другото треба да расправаат и за предлог закони за прекинување на бременоста, за субвенционирање на станбен кредит, за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.