Писмено признание за професионалноста на Би Би Си

Почитувани,

Како долгодишен сопственик на ТВ Сонце која со децении се обидува да едуцира за Македонските традиционални вредности, национални обележја, култура, историски факти, јазик, да ја раскажува Македонската вистина за новите генерации да знаат какви жртви се дадени за опстојувањето на Македонскиот идентитет и Држава, ја поздравувам и оддавам признание за одлуката на уредништвото на Британската Би Би Си да го отфрли протестното писмо на Грчката Амбасада во Лондон, оценувајќи го како „разочарувачки“.

Реномираниот медиум Би Би Си не прифаќа да ги искривува историските факти под политички притисок на Грција која никогаш нема да се откаже од своите радикални и средновековни позиции. Болната вистина за нашите браќа и сестри од Егејска Македонија е таа дека се репресирани, асимилирани и во 21 век не можат да ги уживаат основните човекови и демократски права.

Уредничкиот тим на ТВ Сонце често е мета на неосновани критики, омаловажувања и политички притисоци заради програмската содржина, но тие никогаш не потклекнале, за што сум особеон горд!

Професионалноста на Би Би Си е за особено признание, бидејќи со нивниот прилог за голготата на Македонците во Егејска Македонија помогнаа светот уште еднаш да ја чуе Македонската вистина!

ТВ СОНЦЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО ПРОГРАМСКИТЕ СОДРЖИНИ ДА ПОМАГА ВО АФИРМИРАЊЕ И ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! БОРБАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРАВА ЗА НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ВО РЕГИОНОТ СЕКОГАШ ЌЕ ЈА ИМА МЕДИУМСКАТА ПОДДРШКА.

ТВ СОНЦЕ НЕ СЕ ПЛАШИ И ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски